Американската издавачка куќа „DC Entertainment’s“ на еден од своите најголеми херои Супермен за 75. роденден ќе му подари ново лого.
На новото лого е претставена силуетата на Супермен во сина боја, додека со бела боја е испишано 75 години, а ќе се појави на кориците на стрипот „Superman Unchained“ што ќе излезе на 12 јуни.
Директорот на филмската компанија „Warner Bros“ кое е сопственик на „DC Entertainment’s“ рекол дека прославата на 75. роденден на Супермен ќе трае една година.
Супермен првпат се појави во јуни 1938 година на кориците на првиот број на стриповите на „Action Comics“.