Болнички брод дизајниран од Марино Алфани

бродДваесет и девет годишниот дизајнер на луксузни јахти, Марино Алфани, го создал овој концепт за овој болнички брод по разговор со неговиот пријател од детството доктор Тадео Баино, кој неодамна се вратил од медицинска мисија во Африка. 

Господинот Алфани сфатил дека болнички брод би можел да им помогне на луѓето од крајбрежните региони кои немаат пристап до квалитетна медицинска нега. Истиот брод би бил способен и за брзо реагирање при бродски несреќи како неодамнешната случка со Коста Конкордија и помош за жртви на природни катастрофи како цунамито во 2004 година кое ја уништи локалната патна мрежа.
бродЗатоа тој го дизајнирал катамаранот кој би бил опремен со најмодерните медицински направи, соби за прегледи, операциони сали, лаборатории, соби за опоравување и баркомора (за кислородна терапија). Над мостот би имало и мала платформа за слетување на хеликоптери а во задниот дел од бродот би имало и мала гаража за брза помош. Во бродот би можеле да се сместат тројца членови на екипажот како и девет доктори и сестри кои би можеле да лекуваат 50 луѓе дневно – или 1500 месечно.
бродБидејќи бродот е катамаран тој би можел да се приближи поблиску до брегот. За L’Eco Di Bergamo, господин Алфани изјавил: „Земјата е прекриена со вода и незамисливо е што не постои алатка која овозможува прва помош на море.“ Тој додал и дека бродот е создаван во стилот на итната служба на Болницата Бергамо во Италија. Бродот направен од алуминиумска легура би бил 35 метри долг, 14,6 метри широк и 7,6 метри висок.

Бродот би имал два дизел-електрични мотори и максимална брзина од 10 чворови (18,52 километри на час) со капацитет за 50.000 литри гориво. Господин Алфани е дипломиран архитект од Politecnico di Milano како и магистар за дизајн на јахти. Тој сега има сопствено студио каде што работи на дизајнирање бродови. Концептот за болничкиот брод овој месец освоил награда на 2012 Millennium Yacht Design Awards. [The doctor will sea you now: Hospital boat could rescue victims of natural disasters]

- Реклама -