Ова се четирите најчести причини поради кои што старите љубови повторно сакаат да ви се вратат.
Се промениле
Тие сакаат да видите дека сега се нови, подобри мажи кои сфатиле дека не биле во право. Ова е само себичен начин нам да ни покажат дека работите не се толку лоши колку што ние мислиме, туку во моментот додека траела врската биле чудни. Доколку мажот навистина се променил, ова е одлична причина повторно да се обидете, но честопати станува збор за неговото его, кое не трпи некој да има лошо мислење за него.
Ние сме се промениле
Нова фризура, неколку колограми помалку, или само поинаков став кон животот, па од титулата поранешна досадна девојка, станувате девојка која не требало да ја остават. Добро е за женското его, но реално, ова е само начин , поранешната љубов да признае дека сега сте предобри за него. Можеби заборавате, дали е и тој доволно добар за вас?
Нов дечко
Ништо не му ги отвора очите на поранешниот, како фактот дека сте сега среќни со некој друг. Неговиот натпреварувачки дух се буди, а потребата да докаже дека е подобар од вашиот нов дечко е толку силна, што едноставно мора повторно да ве има. Иако и тоа му одговара на вашето его, враќањето кон него е лошо, бидејќи најчесто не му е до вас, туку до тоа да го победи новиот.
Сфатиле што изгубиле
Понекогаш мажите едноставно сфаќаат колку пропуштиле и дека не требале да ја прекинат врската. Доколку навистина покаже дека му е до вас и е подготвен да вложи многу повеќе труд, не е лошо да му дадете уште една шанса. Можеби навистина се променил на подобро.