11 златни правила според Бил Гејтс

Бил Гејтс неодамна, на покана на некое средно американско училиште, одржал говор за работите што неможат да се научат во него! Неговиот настап бил насочен на 11 точки во кој се обидел да им ја пренесе неговата перцепција за животот и бизнисот!
bill-gates-11-pravila

1.Животот не е фер, прифатете го тоа!

2.Светот не го интересира твоето самопочитување. Светот те прифаќа ако постигнеш нешто пред да почнеш да се чуствуваш пријатно во својата кожа.

3. Нема да заработувате 60.000 долари годишно штом ќе излезете од средно училиште. Нема да бидете ни потпретседател со службен телефон, се додека не го заработите тоа!

4.Доколку мислите дека Наставникот ви е строг, почекајте да добиете директор.

5. Печењето на плескавици не е понижувачко. Вашите претци имаат специјален збор за печење плескавици, тој збор е “прилика”

6. Ако погрешите, не се вашите родители одговорни за тоа и немојте да кукате, учете од нив!

7. Пред вие да се родите, вашите родители не беа досадни. Тие се сега такви, поради плаќањето на вашите сметки, перењето на вашата облека и поради тоа што по цел ден ве слушаат колку сте вие cool. Затоа пред да ја спасите шумата од паразити, пробајте да ја средите вашата соба.

8. Вашето школо има начин како да се справи и со победниците и со губитниците, животот нема. Во некои училишта ги укинаа негативните оцени и ви даваат безброј прилики да го дадете правилниот одговор, но тоа нема допирна точка со вистинскиот живот.

9. Животот не е поделен во семестри. Нема слободни лета и скоро никој не е заинтересиран да ти помогне да се пронајдеш себе си. Тоа прави го во свое време.

10. Телевизијата не е вистинскиот живот. Во вистинскиот живот, луѓето мора да го напуштат кафулето и да одат на работа.

11. Бидете љубезни кон бубалиците. Големи се шансите еден ден да работите за нив.

- Реклама -