Газираните сокови со ист ефект за вашите заби како и метамфетамин или кокаин

Честото конзумирање на газирани пијалоци може да предизвика тешко оштетување на забите исто како и метамфетамин или крек кокаин, сугерира ново испитување.
Истражувањето кое е објавено во списанието за општа стоматологија откри дека постојаната изложеност на лимонска и фосфорна киселина без редовна стоматолошка хигиена е погубна за забите на редовните конзумирачи на газирани сокови!

Доколку се споредат забите на зависниците на мет, крек и на газирани сокови, лесно може да се примети дека оштетувањето е екстремно слично” вели Др. Мохамед Басиони, професор по ресторативна стоматологија при Факултетот за стоматологија во Филаделфија.
521649_517730104906236_431612563_n

Жената чии заби биле земени за компарација, признала дека редовно кознумирала 2 литри газиран сок во рок од 3-5 години. Исто така истакнала дека не посетувала стоматолог 20 год.

Здружението на компани на газирани пијалоци го нападнале истражувањето, трвдејќи дека споредбата на газирани сокови со тешките дроги е “неодговорно”!

Да потсетиме дека сето ова се случува во Америка, и доколку ова истржување беше било како погрешно, компаниите би го соголиле до гола кожа докторов за објавување на резултатите. Но испитувањето е прилично добро осмислено и се фокусира само на лимонската и фосфорната киселина, а не ги наведува другите состојки. Самиот факт дека компаниите се определиле за коментирање на истражувањето како неодговорно, а не за демант или тужба, кажува доволно!

Покрај горе наведените штетни состојки, во газираните сокови има и големо количество на шеќер, кој е обработен и е со друга хемиска номенклатура од природниот шеќер, а човековото тело има тенденција да го складира во масни наслаги.
64881_478878335515461_997011094_n

Македонија е земја каде што овошјето изобилува и е со висок квалитет! Зошто едноставно секое семејство не направи мала инвестиција во соковник и технички да го намали здравствениот ризик од ваквите закани? Кило портокали се 40 денари, употребете ја главата луѓе, за здравје се работи!

- Реклама -