Најмалата камера во светот

камераДигиталните камери навидум стануваат се помали и помали – но ова е едноставно смешно. Ова е новиот носител на титулата „најмала камера во светот“. Поставена на врв од прст лесно е видливо дека камерата е мала, но сепак таа е целосно функционална и може да прави фотографии и видео со резолуција од 2 мегапиксели.

Со големина од по 2,5 сантиметри во секоја димензија и тежина од само 15 грама, камерата е опремена со ременче за прицврстување на зглобот што сепак не го менува фактот што може лесно да биде загубена и претставува опасност за мали деца. Но она што е неверојатно е нејзината цена – 99,95 долари. Претставник на американската компанија Hammacher Schlemmer, производителот, изјавил: „Човечки прст може да направи фотографија со допир на едно копче.“

„Иако најмалата камера во светот е само малку поголема од џамлија, таа прави фотографии и видео како и поголемите камери.“ Фотографиите и видеото можат да бидат снимени на micro SD картичката од 2 гигабајти која ја добивате со камерата, а батеријата овозможува 30 минути работа. Со оваа камера можете да направите фотографии во JPEG формат со големина од 1600×1200 JPEG или AVI видеа од 640×480 со 30 фрејмови во секунда. [The World’s Smallest Camera]

- Реклама -