Најновиот скандалозен моден тренд

 

Многу долга коса, темен тен  и неверојатно долги нокти.
Запознајте се со младите жени од Black Diamond. Тие се против модата која се  наметнува.

Во Јапонија оваа мода се нарекува gal или gyaru (женска). Нивниот изглед е во целосна  спротивност со јапонските сфаќања за женска убавина, како светла кожа и црна коса.

j1

Оваа субкултура потекнува од младинската мода во Јапонија во 90-тите години на минатиот век, кога тинејџерките започнале да ја  бојадисуваат косата  и да одат на солариум.

Оваа мода, исто така нема за цел да им се допаѓа на јапонските мажи. Многу мажи ја сметаат за исклучително застрашувачка (со исклучок на оние кои се носат во согласност со машката верзија на овој вид на мода).

j2

После Бум-от во 90-тите , веќе во  2001 година,  во Јапонија е многу модерно жените да имаат посветла кожа, а девојчињата кои оделе  на солариум, сосема не биле во мода. Женската субкултура која Black Diamond ја  предводи, се чини дека е истовремено заживување на движењето гангуро и реакција против  трендот  на светлата кожа, кој трае со децении.

Девојките од Black Diamond сепак не се сметаат за дел од гангуро, користејќи го овој збор за старомодна. Наместо тоа групата, во која има над 100 жени, се вика kuro hada unit, како kuro hada, што  значи „црна или темна кожа”.

j4

Претставничките на Black Diamond сепак изгледа не можат да се задоволат само со тоа да се појавуваат во модни списанија или да посетуваат ноќни клубови во Токио.

Преку страницата на Facebook групата продава модни додатоци надвор од Јапонија и активно се обидува да собере нови членови од странство. Од Black Diamond дури објавија дека планираат да направат „песна со видео” што ќе  се емитува во целиот свет.

Останува да видиме дали тоа ќе биде групата, која ќе ја направи  светски феномен, т.н женска мода во Јапонија  и дали светот е подготвен за вакво нешто.

- Реклама -