Летната облека и обувки ги истакнуваат убавите и негувани стапала, кои не смееме да ги запоставиме при нега на нашето тело.
Меѓутоа по зимскиот период, нивниот изглед во отворени обувки на многумина им создава маки, поради испуканата и тврда кожа на петите која често е последица на зимската облека, недостатокот од воздух, но и бактериски инфекции. За да се решите од тврдокорните наслаги ви нудиме решение кое можете да го подговите дома.
Купка од јаболков оцет
За здрава кожа на петите редовната хигиена е неопходна. Затоа направете си купка во која ќе додадете јаболков оцет, бидејќи тој е најдобар за омекнување и отстранување на нечистотијата.
Подготовка: Во 2 литри тола вода, додадете една шолја јаболков оцет, ставете ги стапалата внатре и држете ги во водата најмалку 30 минути, а оваа постапка повторувајте ја два пати неделно.
Јаболковиот оцет е познат по своите антибактериски и антисептички својства.
Рецепт против ИСПУКАНИ ПЕТИ, ЖУЉЕВИ И ГРУБА КОЖА на стапалата!
Ќе ви предложиме еден рецепт против болки во петите кој е доста ефикасен.
Ако имате пукнатини, жуљеви или груба кожа на петите, како и тврди наслаги на стапалата оваа процедура ќе биде исто така ефикасна.
Вашите стапала ќе ви изгледаат како на 20 годишно девојче.Земете изгмечете 10 таблети аспирин или андол (од 300мг), потоа додадете 250 мл ракија или 70 % медицински алкохол, промешајте ја смесата и оставете да стои 1-2 дена.
Секоја вечер протресете ја смесата и замотајте ја во парче газа.
Облогот ставете го на петата(жуљевите, стапалата) и замотајте ги нозете во најлонска кеса и облечете чорапи. Оставете така да ви стои цела ноќ.
Утрото измијте ги со вода избришете ги и намачкајте ги со некоја крема за нозе или глицерин.
По 10 вакви третмани стапалата и петите нема повеќе а ви бидат груби.
Со истата смеса можете да ги третирате и болните места кај проширените вени.