Кои се најбогатите Македонци?

На листата на најбогатите луѓе на Балканот на магазинот „Форбс“ се најдоа пет Македонци.

Според „Форбс“ најбогат бизнисмен во Македонија е Минчо Јорданов, сопственик на „Макстил“, „Бетон“,„Факом“, винарската визба „Стоби“, на приватната клиника “Ремедика“ и на ракометниот клуб „Металург“ чие богатство е проценето на 27 милиони евра.

Минчо Јорданов

D666B1E86A9D1343A44230B3FBBCCD45

Зад него се Штерјо Наков во чија сопственост е „Фершпед“, Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“, Свето Јаневски, првиот човек на „М6“ и сопственикт на „Тиквеш“ и директорот на „Алкалоид“ Живко Мукаетов.

Живко Мукаетов

Z_Mukaetov_EKIPA

Листата на „Форбс“ за најбогатите луѓе на Балканот е составена врз основа на јавните податоци за вредноста на акциите кои тие ги поседуваат во фирмите што котираат на Берза.

Сепак, македонските милионери се далеку зад нивните „колеги“ од Балканот. Според магазинот „Форбс“ прв на листата на најбогати е Хрватот Ивица Тодориќ, сопственик на концернот „Агрокор“ а кој „тежи“ 573 милиони евра.

- Реклама -