Сакате ли батерија што не се троши !?

Очигледно е дека секој кој интезивно го користи својот мобилен телефон за интернет, гледање видеа и играње игри постојано се соочува со проблемот на брзо трошење на батеријата, но што да направите за да се подобри траењето на енергијата?

Одговор има Qualcomm кој лансираше одлична апликација за автоматско зачувување и штедење на батеријата. Qualcomm Battery Guru работи како и многу други слични апликации со исклучување на беспотребните конекции на интернет, но тоа што ја разликува од останатите е нејзината уникатна примена.

snapdragonbatteryguru_231217227066_640x360

Апликацијата Battery Guru ја учи работата на смартфонот или подобро кажано ги учи вашите навики и начини на кој го користите уредот. На тој начин апликацијата постојано превзема соодветни чекори за да го подобри работењето на батеријата.

unnamedunnamed (1)

Единствена пречка е што апликацијата е компатибилна само со смартфони чии процесори се изработени од Qualcomm. Battery Guru може бесплатно да ја превземете од Play Store за Android, а во продолжение погледнете кратка видео презентација.

[youtube]http://youtu.be/wdgN-P0QZSg[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -