Ако влечењето куфери наоколу е најздодевниот дел од вашиот одмор, тогаш овој куфер е токму за вас. Чудниот куфер, кој има капацитет од 26 литри, во својот дизајн содржи и микро скутер. Производот е наменет за луѓе кои често патуваат и луѓе кои поминуваат кратки растојанија кога одат на работа.
Производителите тврдат дека тврдиот Samsonite куфер и микро скутерот се гаранција дека ќе стигнете на вашата сакана дестинација на време и без мака. Куферот исто така може да го носите со себе на авион.
За малку поопуштени пригоди, односно за оние моменти кога не брзате да стигнете до вашата следна дестинација, Micro Luggage куферот може да биде користен како нормален куфер на тркала. Претставник на производителот Micro Scooters изјавил: „Micro Scooters UK веќе го промени одењето во училиште, илјадници семејства ги заменија своите скапи теренци со Mini и Maxi Micro скутерите.“
„Сега компанијата сака да го направи истото и за патниците со Micro Luggage скутерот. Не само што е поздрава опција отколку автомобил, туку и го намалува вашиот јаглероден отпечаток.“