13 отсто од дипломците на Харвард имале секс во библиотека

 

Секоја година Студентскиот весник на Харвадскиот универзитет – The Crimson,  прави истражување меѓу студенти кои ја привршуваат последната година,  по најразлични теми. Почнувајќи од  нивните планови по дипломирањето до сексот и дрогата на територијата на универзитетот.

Според овогодинешното истражување на весникот 13 отсто од дипломираните студенти на Харвард имале секс меѓу полиците со книги во универзитетската библиотека.

Поконкретно, 14,5 проценти од мажите и 11 проценти од жените признаваат дека имале секс во 100-годишната зграда на библиотеката.

Да имаш секс во библиотеката изгледа е дел од „големата тројка” или трите недозволени работи кои некои студенти на Харвард се обидуваат да ги  направат пред да завршат со престижното образование.

Другите две се да уринираат врз ногата на статуата на Џон Харвард (23 проценти од овогодинешните дипломирани студенти   го сториле тоа) и да учествуваат во гола трка  на територијата на кампуси,  последната вечер пред почетокот на испитната сесија (32 проценти го правеле). Само 4 проценти  од дипломците на Харвард оваа година ги исполниле и трите работи, според истражувањето на Тhe Crimson.

Повеќе изненадува дека  38 проценти  од учениците имаат признаено  дека искусиле марихуана, додека 9 отсто признале дека ги злоупотребувале лековите како Ritalin и Adderall.

Вкупно 61 отсто од дипломците на Харвард ќе имаат работа во текот на следната година, додека 18 проценти  ќе запишат постдипломски студии.

Најпопуларната сфера за работа меѓу дипломците оваа година е „консултантската активност” каде што очекуваат да заработат меѓу 70 000 и 90 000 долари годишно.

- Реклама -