Чепкалките го чуваат лимонот, портокалот се бори против комарците

Прочитајте ги овие необични трикови што сѐ можете да направите од производите што секојдневно ги имате во фрижидер. Или научете како овошјето и зеленчукот да ви останат подолго свежи и како да заштедите пари.

Што со талогот од испиеното кафе?

Откако ќе го испиете кафето, талогот посипете го врз билките затоа што поттикнува раст. Со талогот може и да ги исчистите тенџерињата кои имаат чуден мирис, а по ќошевите каде што се забележале мравки ставете мелено кафе. Мирисот ќе ги избрка.

Портокал против комарци

Против комарци и мравки користитете и кора од портокал. Истискајте ја што повеќе за да испушти природни ароми, па оставете ја на маса. Со кората може да ги изрибате површините што замирисале на мувла.

Untitled-14

Изветреаниот сок претворете го во сладолед

Сокот што сте го отвориле и не сте го испиле за еден ден повеќе нема вкус. Но, за да не го фрлите и да заштедите пари, ставете го во калапчиња за правење коцки мраз и во секоја коцка ставете чепкалка. Кога добро ќе се заледи – ете ви освежување.

Гастро прилози од стар леб

Не го фрлајте стариот леб. Може да го искористите за топли сендвичи или да го исечете на коцки и да го оставите да се исуши. Испржете ги со јајца и зачини и ќе имате супер мезе. Коцките може да ги ставите и во супа наместо тестенини или да ги препечете на малку зејтин со зачини и да го послужите како прилог за јадење.

Прочитајте и:  Нутриционист откри што се случува кога пиеме кафе на празен стомак

070

Вратете го целерот во живот

Свежиот целер брзо се суши, но ако го ставите во студена вода вода со неколку кришки жив компир, по неколку часа ќе ја врати свежината. Ако не сакате да пожолти во фрижидер потопете го во студена вода во која сте ставиле малку лимонов сок.

Чепкалките го чуваат лимонот

Понкогаш во рецептите пишува „неколку капки лимонов сок“ и штета е да се уништи целиот лимон. Дупнете го со чепкалка и исцедете колку што ви треба. Дупката покријте ја со пластична фолија или ќеса и стиснете па лимонот одвнатре ќе остане свеж и полн со сок. Друг начин е да го исцедите лимонот и да го замрзнете.

- Реклама -