Samsung го надмина Apple во приходи

Можеби Apple сѐ уште го држи врвот во однос на профитот во индустријата на паметни телефони од првиот квартал оваа година, но сега има нов лидер кога станува збор за приходите.

Според податоците анализирани од страна на Yonhap News Agency, продажбата на паметни телефони на Samsung ја надмина онаа на Apple во првиот квартал од 2013 за прв пат досега.

Јужно-корејската компанија оствари приходи од околу 23.62 милијарди долари од продажбата на своите паметни телефони само во последниот квартал, додека продажбата на iPhone во првиот квартал изнесува 22.95 милијарди долари. Тоа претставува добивка од 952 милиони долари за разлика од четвртиот квартал во 2012 година, кога Apple го надмина Samsung во однос на приходите. Промената во позициите се случи најверојатно како резултат на големата побарувачка на врвните модели на Samsung кои имаат LTE поддршка.

iphone-5-vs-galaxy-s4

Разликата меѓу водечките продавачи на пазарот и останатите производители е огромна. Само за илустрација на трето место со најдобро остварена продажба во првиот квартал е Nokia со 3.64 милијарди долари, а LG го обезбеди четвртото место со приходи во висина од 2.95 милијарди долари.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -