Официјално: Коло Туре се сели во Ливерпул

Ливерпул го ангажираше Коло Туре, искусниот дефанзивец на 1. јули ќе стане нов фудбалер на ’Црвените’.

32 годишниот репрезентативец на БСК е обврзан кон Манчестер Сити до 30. јуни 2013, и по истекот на неговиот договор со ’Граѓаните’ тој ќе се пресели на Енфилд.

Се очекува Коло Туре во Ливерпул да биде замена за Џејми Карагер, кој неодамна стави крај на фудбалската кариера.

Дефанзивецот, кој во 2002 пристигна во Премиерлигата во дресот на Арсенал, својот прв натпревар на ’Островото’ го имаше токму против Ливерпул во Комјунити Шилд.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

Прочитајте и:  Поранешен марокански фудбалски репрезентативец почина на 35-годишна возраст
- Реклама -