Секој си ја замислува својата куќа од соништата. Некој има поскромни додека други екстремни и нереални очекувања. Денеска одбравме да ви прикажеме куќа во која може да се сместат само најсреќните со подлабок џеб, а која со сигурност е сечија куќа од соништата.
Оваа ултра луксузна куќа е дело на архитектката Мередит Баер и La Kaza. Резиденцијата е сместена во Лос Анџелес и мора да се согласите, барем од тоа што се гледа на фотографиите, дека нуди единствен начин на живот. Освен што нуди панорамски поглед на градот, во неа никогаш нема да ви биде здодевно – има домашно кино, винарска визба, базен… Ентериерот е елегантен, софистициран и просторен. Дневната соба е поврзана со терасата додека една од собите нуди прекрасен поглед на базенот.
Едноставно сѐ си е на свое место