Првиот вселенски брод

вселенски бродОва вселенско летало би можело да влезе во служба како возило за повеќе употреби, за мисии до месечината, но и подаелку во вселената. Возилото е дизајнирано за шестчлен екипаж и доволно резерви за двегодишно истражување. Леталото е наречено Nautilus-X, кратенка за “Non-Atmospheric Universal Transport Intended for Lengthy United States eXploration”.

Nautilus-X би можел да биде составен во нашата орбита околу 2020 година користејќи модули кои би можеле да се зголемат како балони. Леталото би содржаело и центрифуга во форма на прстен која би обезбедила делумна гравитација и систем за намалување на штетното дејство на радијација. Наутилус е возило за истражување на вселената кое би можело да се користи за повеќе мисии, што значи дека би можело да биде опремено со различни мотори во зависност од секоја мисија. Теоретски, моторите и горивото би биле сменети во зависност од планираната дестинација.

Ваков сенаменски систем би бил поедноставен од составување на ракети за специфични мисии до Месечината или Марс. Системот бил опишан на брифинг на Тимот за Проценка на Апликации на Технологии на NASA, тим кој проучува (релативно) евтини технологии за вселенско истражување. На истиот брифинг биле опишани и прoект за сервисирање на сателити во геосинхрона орбита, вселенско летало со погон на соларна енергија и уште неколку технологии.

Наутилус бил највозбудливиот дел од брифингот, со специфични дизајн цртежи и развојни проценки. Конструкцијата би траела минимум пет години и за неа би биле потребни две до три лансирања. Леталото би чинело 3,7 милијарди долари. Центрифугата, која би го обезбедила здравјето на екипажот за време на долгите летови би можела да биде тестирана на Меѓународната Вселенска Станица – би можела да биде лансирана во орбита со помош на ракета, а ако е ефективна би можела да стане живеалиште за екипажот на станицата.

- Реклама -