Видеото е објавено на 24 мај, за еден ден има 5 милиони прегледи, а до сега го погледнале вкупно 11,377,427 луѓе ширум светот.
Видеото од повторното обединување на Вил Смит (Вил) и Алфонсо Рибеиро (Карлтон) од популарната серија од 90-тите „The Fresh Prince of Bel-Air“ и нивниот урнебесен настап во „The Graham Norton Show“ за само еден ден на YouTube е прегледано 5 милиони пати.
Вил Смит, неговиот син Џајден Смит и Рибеиро во петокот приредија одличен перформанс кој уште долго ќе се зборува. Освен насловната песна од серијата тие испеаја и изиграа уште неколку песни. Mора да погледнете!