Луминисценцијата меѓу земните животни е прилично редок феномен, а најпознат преставник е светулката. Изминатава недела бил откриен нов преставник во Еквадор. Lucihormetica luckae е тафтабита која се претпоставувало дека е изумрена при ерупција на вулканот Тангурахуа. Она по што се разликува новиот преставник, е кривата црна линија на горниот дел од оклопот. Покрај тоа што на нас луѓето ни изгледа опасно и страшно, оваа тафтабита не е воопшто опасна, за разлика од поголемиот дел на “осветлените” животни и инсекти кои се отровни!