Пет начини да ја ублажите алергијата

Многу луѓе страдаат од алергија на  почетокот  од пролетта, но  и промената на животните навики може да ви предизвика проблеми. 

Еве што уште, освен лековите може да ви биде од помош.

polen

 

1. Елиминирајте ги опасностите колку што е можно

Елиминирајте ги сите билки на кои што сте пречувствителни. Доколку е можно останете повеќе време во затворен простор, додека цветаат билките, избегнувајте долго задржување во природа, а активностите извршувајте ги подоцна.  Пожелно е да носите очила за сонце. Неколку пати дневно мијте ги лицето и очите, а после „контактот“ со природата, променете ја веднаш облеката и исперете ја старата.

2.jabolka

2. Винавајте што јадете

Некои производи можат да влијаат негативно на вас, додека некои ви помагаат да се изборите со симтомите. Поради своите состојки, особено витаминот Ц, може да ве заштити од алергија и астма. Кората од јаболка содржи антиоксиданси кои го подобруваат функционирањето на плуќата, а слични состојќи содржат и лукот, доматот, портокалот и јагодите. Антиоксидансите кои се скриени во црното грозје имаат силни моќи кои докажано делуваат врз симптомите на алергија. Од друга страна избегнувајте целер, праски, киви и дињи, бидејќи истите можат да го предизвикаат дополнителни потешкотии.

3.vitamin c

3. Внесувајте доволно витамин Ц

Алергиските стимуланси создаваат хистамин, одговорен за вообичаените сезонски тешкотии кои се поврзани со алергијата: кивање,  течење на носот. Со додавањето на оптимална доза Витамин Ц, се намалува делувањето на хистаминот. Погрижете се во текот на денот да внесете 2.000 мг витамин Ц.

4.ribino maslo

4. Рибино масло како додаток во исхраната

Оваа, здрава врста на масло има антиинламаторен ефект, поради што се користи при лечење и первенција на срцеви заболувања. Корисно е и  во терапијата за покачен холестерол во крвта, за хидратација на кожата, како и за подобрување на фунциите на дигестивниот систем. Се препорачува конзумирање на 2.000-6.000 мг. дневно, заедно со храна.

kamilitsa

5. Користете природни лекови

Камилицата има својства, кои помагаат при црвенило и солзење на очите. Држете три до пет минути оладена ќесичка од чај од камилица на очите.

Копривата делува како антихистаминик кои помага да се намалат симптомите на алергија како што е чешањето на очите. Со цел да ги ублажите симптомите пијте чај од коприва, а можете да пронајдете и таблети со екстракт од коприва.

Нането е добро за дишните патишта, а најдобро е да пиете чај од свежи или сушени листови нане.

Чајот од мајчина душичка помага кај лечењето на кашлица или гушење предизвикано од алергија.

Лутата пиперка е богата со витамини кои спречуваат ослободување на хистамин, кверцетин, како и други хемикалии кои предизвикуваат воспаление и симптоми на алергија.

 

- Реклама -