Кинески вештачки токсични јајца

chinapplsuckЗлобните пирати во Кина научија да прават вештачки јајца. Добрата вест: немаат холестерол. Лоша? ЛУДИЛО!

За време на една рација во центарот на Гуангзу, провинција во Кина, биле запленети големи количества на лажни јајца. Нивната цена на големо изнесувала 0,03 долари – половина од онаа на вистинските.
 
Потрошувачите имале проблем да ги разликуваат оригиналните од лажните јајца. Ова е добра вест за оние кои сакаат да се впуштат во овој нелегален бизнис, така да низ Кина се изведуваат тајни тридневни курсеви за производство на вештачки јајца. Еден кинески репортер успеал да присуствува на овие лекции и да ја научи умешноста на правењето јајца. Еве што тој видел: 

chinapplsuck_eggs1
Да создадете белка од јајце потребни ќе ви бидат желатин, одреден непознат прашок, бензоинска киселина, коагулирачки материјал и стипса која се користи во индустриските процеси. За жолчката потребен е жолт прав од лимон кој се истура во течност, а потоа се замешува. Смесата потоа се става во заоблени пластични садови помешана со таканаречена „магична вода“, која содржи калциум хлорид. Ова и дава на жолчката тенка надворешна мембрана, зацврстувајќи ја.
Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка
chinapplsuck_eggs2

Потоа јајцето се вметнува во друг калап. Не ја изоставуваме и лушпата. Парафински восок и неидентификувана бела течност се истураат врз лажното јајце, кое потоа се остава да се исуши.

chinapplsuck_eggs3
По сето ова, вештачкото јајце е спремно и можете да го испржите по свој избор.
Сепак, на белката на јајцето се појавуваат меури при пржењето, а оние кои го пробале велат дека тие имаат прилично ист вкус како и вистинските.
fakeeggschina
Експертите предупредуваат од опасноста при јадењето на вакви вештачки јајца. Не само што не се воопшто хранливи, туку  и долготрајното внесување на стипса во оранизмот може да предизвика губење на интелектуалните функции, односно да доведе до лудило.
- Реклама -