Кинеската компанија атакува на нов рекорд во мобилната технологија откако Huawei Ascend P6 ќе го освои тој престижен епитет – најтенкиот смартфон на светот.
Во јавноста се појави прва официјална слика од Huawei Ascend P6 кој ќе биде официјално промовиран на 16 јуни. Овој телефон е опремен и со четири-јадрен процесор, 2 GB RAM и 8 GB вградена меморија.
Huawei Ascend P6 е новиот најтенок смартфон на светот со тело кое е дебело само 6.18 милиметри. Овој уред ќе го започне походот во Кина, а понатаму се очекува и негова светска промоција.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk