Воздушно перниче за велосипедисти (видео)

воздушно перничеПо неколку години истражување и развој, пред два дена на пазарот се појавуи досега невиден шлем за велосипедисти. Шлемот наречен Hövding (поглавар) воопшто не се наоѓа на вашата глава. Ана Хауптман и Тереза Алстин , креаторите на овој производ доминираат во светските вести по претставувањето на Саемот на Технологија во Стокхолм.

По неколку години истражување и развој, пред два дена на пазарот се појавуи досега невиден шлем за велосипедисти. Шлемот наречен Hövding (поглавар) воопшто не се наоѓа на вашата глава. Ана Хауптман и Тереза Алстин , креаторите на овој производ доминираат во светските вести по претставувањето на Саемот на Технологија во Стокхолм.

воздушно перниче

„Сакавме да развиеме заштита за велосипедисти која ги зема во предвид барањата на кои наидовме за време на нашето истражување. Заштитата го вклучува и чувството на слобода и нема да ви ја растури фризурата“ вели Тереса Алстин.

воздушно перниче

Hövding е дискретна јака која велосипедистот ја носи околу вратот. Јаката содржи здиплено воздушно перниче кое е видливо само во случај на судар. Перничето е дизајнирано како качулка која во случај на несреќа ќе ја покрие главата на велосипедистот. Механизмот за активирање е конролиран од сензори кои регистрираат абнормални движења на возачот во случај на несреќа.

{youtube}d7Oud3iGXWY{/youtube}

„Калата е видливиот дел од изумот. Школката на јаката се отстранува и е достапна во повеќе стилови и ткаенини. Hövding е практичен, прирачен додаток кој лесно се транспортира“ вели Ана Хауптман.

воздушно перниче

Шест години, Ана и Тереса го развивале Hövding и е базиран на напредна технологија. Двете се школувани индустриски дизајнери, а идејата за овој проект ја добиле додека работеле на својот дипломски проект.

воздушно перниче
- Реклама -