LG прикажа нов 5 инчен екран со минимална рамка

LG Display за само неколку дена успеа да ја воодушеви светската јавност со два нови екрани кои се вистинска револуција во технологијата. Нивниот најнов производ е екран од 5 инчи со целосна искористеност на површината.

Untitled

Овој 5 инчен екран целосно ја користи површината на смартфонот без гранична линија која е сведена на минимум со должина од само 1 милиметар. Во однос на резолуцијата првичниот модел е во класата на 720 пиксели а, најавено е дека наскоро ќе има и сличен екран со Full HD резолуција.

Претходно LG Display го прикажа еластичниот 5 инчен OLED екран кој е флексибилен, изработен е од пластика и е нескршлив.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -