Натпреварот за шампионска титула ќе се гледа на голем екран со кристално чиста слика на MaxTV.
На 25 мај во сабота, со почеток во 20:45 часот, за сите љубители на фудбалот MaxTV организира гледање на отворено на големото финале од Лига на шампиони, на плоштадот Македонија во Скопје. На финалниот натпревар од УЕФА Лигата на Шампионите, ќе се сретнат двата германски гиганти – Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.
Освен кристално чистата слика на големиот екран на плоштадот Македонија, MaxTV ќе се погрижи за весела и навивачката фудбалска атмосфера, дополнета со реквизити за бодрење на омилениот фудбалски тим. MaxTV заедно со партнерите на УЕФА, Heineken, HTC и Ford организира и изненадувања кои ќе ја надополнат адреналинската возбуда.
MaxTV им овозможи на двајца фанови на MaxTV Facebook страницата, преку конкурсот MaxTV репортери, оваа сабота да бидат дел од големото финале и во живо од стадионот Вембли во Лондон да го проследат натпреварот и да го споделат своето доживување со присутните на плоштадот Македонија.