Најмоќна жена во светот според изборот на магазинот „Forbes“ по седми пат е германската канцеларка Ангела Меркел.
На второ место е бразилската претседателка Дилма Русеф, додека филантропката Мелинда Гејтс, сопругата на Бил Гејтс е на трето место. Зад неа е првата дама на САД, Мишел Обама.
Петтата позиција ја зазема уште една Американка, Хилари Клинтон која оваа година се прости од својата позиција државен секретар на САД.
Втората половина од скалата ја отвораат Шерил Сандберг, директорка во Facebook, додека шестото место ѝ припаѓа на Французинката Кристин Лагард, прва жена на чело на Меѓународниот монетарен фонд.
Следува Џенет Наполитано, американската секретарка за државна безбедност, а топ листата на највлијателни жени во светот ја затвораат Индијката Соња Ганди и директорката на компанијата Pepsi Cola, Индра Нуји.