Никијани претставува прекрасна песочна плажа што се наоѓа на 9 километри северно од главниот град на Лефкада, кој го носи истото име.
Со текот на времето, оваа плажа прерасна во огромен туристички комплекс, со бројни сместувачки капацитети, ресторани, барови, таверни итн.
Плажата Никијани се наоѓа многу блиску до патот кој го поврзува островот Лефкада со копнениот дел од Грција, но сепак е доволно далеку за бучавата од сообраќајот да не ги нарушува мирот и спокојството на посетителите. Веднаш зад долгата песочна лента по брегот се наоѓаат повеќе хотели кои гледаат кон копното. Кедровите дрва кои ги обвиткуваат хотелите од сите страни ја прават атмосферата навистина незаборавна.
Северно од комплексот Никијани се наоѓа мало пристаниште со убав залив – прилично популарно место за сите туристи кои го посетуваат островот на вљубените, место каде што разнобојните цвеќиња во комбинација со морскиот ветар ви даваат чувство како да се наоѓате во бајка…
Подножјето на планината Скарос го прави ова магично место погодно и за копнени авантури, како дополнување на сите возбудливи активности на вода кои се нудат, почнувајќи од сурфање, па сѐ до скијање на вода. Недалеку до Никијани се наоѓаат и: испосништвото на Светите татковци (каде што има запрепастувачки панорамски поглед) и планинските населби Александрос и Коливата – места кои дефинитивно вреди да се истражат.
На Лефкада може да се најдат голем број романтични и незаборавни локации за одмор на телото и душата, а една од највпечатливите е секако Никијани.
Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk