Секому му се случува да сонува секси сон за кој некогаш и нема повод. Доколку неодамна сте сонувале нешто што не можете да си го објасните, експертите имаат одговори за вас:
Таинствен љубовник
Експертот за сонови Лаури Квин Лоевенберг вели дека најчетите „мокри“ соништа вклучуваат таинствен маж без лик, но тој воопшто не е некој мистериозен љубовник кој ќе го запознаете и ќе сфатите дека е вашата сродна душа. Овој маж го симболизира фактот дека самите морате да превземете некои машки карактеристики, како што се наметливост и отворено изговарање на она што го мислите.
Оргазам
Сонот во кој доживувате оргазам може да биде толку силен, што навистина ќе го почувствувате истиот во реалноста, а тоа може да значи дека сакате возбудлива завршница на нешто. Освен тоа, може и да симболизира постоење на некои сексуални желби или проблеми кои сакате да ги решите.
Жешка афера
Ловенберг вели дека сонот за личност со која што не сте во врска е знак дека во вашата реалност се случува нешто, поради кое што насочувате помалку внимание кон вашиот партнер. Вината која ја чувствувате поради недостатокот од време, во соновите може да се манифестира како секс со друга личност.
Секс со стара љубов
Ова знае да биде многу забавно, но и да ве збуни. Сте верувале дека врската е завршена и повеќе немате чувства, но се чини дека соновите не ви допуштаат толку лесно да заборавите…Најчеста причина за овој сон е нашата желба за повторно возбудување, кое можеби недостасува во новата врска.
Секс со колега
Можеби и воопшто не ви се допаѓа, но по сонот во кој водите љубов со колегата, дефинитивно ќе почнете да размислувате за него. Овој сон може да значи потствесна желба за зближување, или пак очекувања за помош и напредување.