Финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу Шкендија и Тетекс не го доживеа својот крај, дуелот беше прекинат поради националистички скандирања на навивачките групи.
Финалето од Купот на Македонија не траеше долго, натпреварот помеѓу Шкендија и Тетекс е прекинат поради националистичките скандирања на навивачките групи, Балисти и Војводи.
Уште со интонирање на македонската химна започна непријатната атмосфера, свирежите на навивачите на Шкендија го најавија она што подоцна се случуваше, а беше очекувано, националистичко скандирање на двете навивачки групи.
Натпреварот на два пати беше прекинуван, вториот пат беше и последен.
Судијата Ставрев ги почитуваше строгите правила на УЕФА кои забрануваат националистички скандирања на терените и во договор со стручните штабови на двете екипи, одлучи натпреварот да биде прекинат.
Веројатно натпреварот ќе биде одигран во друг термин без присуство на публика.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал