Apple сѐ уште е светскиот највреден глобален бренд

Производителот на iPhone сѐ уште е на врвот според последните извештаи, но некои од неговите технолошки ривали се искачуваат на листата со забрзана стапка.

Според овогодинешниот извештај на Millward Brown Optimor глобалната компанија за истражување на пазарот-BrandZ извештајот, Apple останува на врвот со вредност од 185 милијарди долари, за разлика од минатогодишната вредност од 183 милијарди долари. Според финансиските извештаи и мислењата на сегашните и потенцијалните корисници, Apple го задржа врвот и покрај падот на акциите во последните неколку месеци.

“И покрај се поконкурентниот пазар и поголемите предизвици, Apple успеа да се задржи на врвот со што покажа колку големо значење има силен бренд за бизнисот”-изјави Nick Cooper генералниот директор на Millward Brown Optimor кој додаде дека-“Луѓето сеуште го сакаат брендот без разлика на цената на акциите”.

most-valuable-brands-2013

Вредноста на Apple скокна за само 1 процент за разлика од минатата година, додека во 2012 година имаше скок од 19 проценти а во 2011 од огромни 84 проценти.

Второпласираниот Google е проценет на 113 милиони долари вредност со скок од 5 проценти за разлика од минатата година. AT&T забележа раст од 10 проценти и е проценет на 75 милијарди долари, додека China Mobile забележа скок од 18 проценти за разлика од 2012 година и сега вреди 55 милијарди долари.

Најголемиот ривал на Apple, Samsung се наоѓа на 30 место на листата, но забележа пораст од 51 процент за разлика од минатата година и сега вреди 21 милијарда долари.

Сепак другите “играчи” во технологијата забележаа пад во својата вредност. IBM забележа пад на вредноста од 3 проценти, Microsoft забележа пад од 9 проценти а Facebook пад од големи 36 проценти на својата вредност.

Текстот е објавен во соработка со МкКод

- Реклама -