Виц: Испит по физика

Сашо и Зоки одат на факултет да полагаат физика.

Прв на испитот се јавува Сашо и професорот го прашува:
-Да речеме дека патуваш со воз и ти е многу топло во купето! Што ќе направиш?
-Пааа, ќе го отворам прозорот.
-Е одлично. Прозорот има површина од 1.5 м2, а купето има квадратура од 12 м2, возот се движи со 80 км на час кон запад а дува јужен ветер од 5 метри во секунда. За колку време ќе се изветрее купето?
Сашо се чуди, нема појма, се препотува и нормално го паѓа испитот. Излегува од кабинетот на професорот и му раскажува на Зоки како поминал. После некое време Зоки влегува и професорот повторно ја започнува истата приказна.
– Да речеме дека патуваш со воз и ти е многу топло во купето! Што ќе направиш?
-Ќе го соблечам сакото.
-Ама многу е топло!
-Ќе го соблечам и џемперот и кошулата.
-Ама страшно топло е и ти продолжуваш да се потиш!
-Ќе ги соблечам и панталоните и чорапите.
Веќе професорот видно изнервиран почнува да се нервира и оди во крајност:
-Добро, но карши тебе седи црнец кој како се соблекуваш се повеќе ти се смешка.
-МА МОЖЕ ДА МИ СЕ КАЧИ И ЦЕЛ ВОЗ, АЛИ ЈАС ПРОЗОР НЕ ОТВАРАМ!

- Реклама -