Шварцвалд торта

Шварцвалдот на многумина им е омилен вкус на сладолед. Но, еве како да подготвите вистински и богат десерт.

 

Состојки

За пандишпан: 125г путер, 125г чоколада, 5 јајца, 125г шеќер, 125г брашно

За фил: 700мл слатка павлака или 800г кисела павлака, 50г шеќер (со слатка павлака) или 200г шеќер (со киселата), 15г желатин

За фил 1: 50г шеќер, 300-500г вишни

32653_Svarcvald-torta-Novogodisnje-torte_191112_RAS-Foto-Vladislav-Mitic-015_iff

Подготовка

Путерот и чоколадата стопете ги на пареа, па додајте ги жолчките. Одвоено сматете снег од белки постепено додавајќи шеќер во нив, а на крајот додадете го брашното. Соединете со првата смеса и печете и печете десетина минути на 175 степени. Испечениот пандишпан оладете го и исечете го на два или три дела.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Желатинот растворете го во ладна вода, стопете го и измешајте го со павлака и шеќер.

Вишните и шеќерот гответе ги малку на оган, па оладете ги и исцедете. Од сматената павлака оставете мал дел за декорирање, а остатокот измешајте го со вишните. Филувајте ги корите со павлака и вишни, а последната пемачкајте ја одвоено со павлака.

Одозгора може да изрендате чоколада.

Добар апетит!

- Реклама -