Разорно торнадо ја погоди сојузната американска држава Оклахома. Над 90 луѓе не го преживеаја, а стотици се повредени.
Оклахома Сити речиси е срамнет со земја, а две основни училишта биле кренати во воздух. Како што јавуваат американските медиуми седум деца загинале во базенот во едно од училиштата, а по уште 24 се трага.
Зад торнадото останаа расплакани, раскрварени луѓе, срамнети куќи и купишта отпад.