Знаете ли кои се негативните страни на мастурбацијата?

Според научните истражувања , мастурбацијата е здрава. Влијае на духот и телото.  Меѓутоа, сепак во целата приказна се вовлекуваат некои мали негативности.

-masturbacija9

 

Мастурбацијата е здрава, но има и свои негативни последици. Иако, е научно докажано дека добро влијае на духот и телото, па дури и е пожелно да се самозадоволувате, сепак постојат неколку негативни последици. Ова нормално не значи дека треба да се поздравите засекогаш со мастурбацијата, но добро е доколку бидете свесни и за едните и за другите страни на самозадоволувањето.

 

Како мастурбацијата влијае на оргазмот и на ерекцијата?

Можеме да кажеме дека мастурбацијата има одредени негативни последици и по ерекцијата, но и по организмот, иако таквите влијанија се со краток рок. После оргазмот кој го предизвикува мастурбацијата, следниот оргазам ќе го доживеете со мали потешкотии.

Исто така, ерекцијата после секоја ејакулација станува помалку цврста. Затоа пред состанокот со саканата, особено доколку планирате секс, воздржете се од игри со својата „гордост“. Она што е важно е тоа дека и оргазмот и ерекцијата се подобруваат после неколку дневна апстиненција од мастурбирање, а кај младите момчиња дури и порано.

masturbacija 1

Мастурбацијата може да предизвика чувство на вина

Одредени луѓе мастурбацијата и сопствената сексуалност  ги сфаќаат како нешто кое е забрането од религијата и друштвените норми,  сеуште нешто што е табу.  Чувството на вина и срам понекогаш има негативни последици кои можат да се манифестираат преку главоболка, раздразнетост или анкцизност.

 

masturbacija 2

Компулсивната мастурбација претставува психички проблем

Како и сите работи цо животот и кај мастурбацијата е препорачлива умереноста. Кога мастурбацијата ќе стане центар на вашиот свет ( тоа значи да мастурбирате секој ден, или повеќе пати дневно), очигледно имате проблем. Мастурбацијата веројатно ви служи како вентил за испуштање на напнатости и фрустрации, па повеќе нема никаква врска со уживање. Доколку забележите дека мастурбацијата игра толкава улога во вашиот живот, не е на одмет да посетите лекар.

- Реклама -