Сите ние ги паметиме забавните масички за фудбал и понекогаш сакаме да поиграме од забава. Нивниот изглед варира, во зависност од дизајнерот, бројот на играчи и околината. Погледнете неколку одлични дизајни!
Сите ние ги паметиме забавните масички за фудбал и понекогаш сакаме да поиграме од забава. Нивниот изглед варира, во зависност од дизајнерот, бројот на играчи и околината. Погледнете неколку одлични дизајни!
Ова е најголемата масичка за фудбал во светот – дизајнирана од АМСТЕЛ.
Фудбал масичка за кафе
Ова е масичка за фудбал на која можете да пиете кафе. Одлична идеја.
Виртуелна масичка
Ова е фудбал со мешана реалност – ги комбинира играчите од виртуелниот свет Second Life со играчите од реалниот свет. Многу интересен фудбал, гледан од поинаква перспектива.
Лего Star Wars масичка
Многу кул масичка во која сите човечиња се заменети со мини фигури од Star Wars, направени од ЛЕГО.
Високо технолошка масичка
Иако на прв поглед можеби не изгледа како масичка за фудбал – ова е баш тоа. Има ЛЕД дисплеј, ЛЦД монитори на кои се прикажуваат реклами, автоматски лифт за подигнување на топчето… а да, и држачи за чаши:)
Рачен фудбал за кралевите
Обично масичките се направени од дрво и метал – но оваа е од злато. Тоа ја прави една од најскапите на светот.
Масичката на Chelpa Ferro
Масичката дизајнирана од Chelpa Ferro повеќе наликува на…машина. Со светло одозгора и звучници околу неа – фудбалчето сега ќе ви биде многу подобро.
Добро против злото
Кога се работи за доброто против злото, на која страна ќе застанете? На страната на злобните, меѓу другото, ги имаме: Џек Мевосек, Калигула, Луцифер, Хитлер, додека пак на спротивната страна: Господ, Ганди, Флеш, Џекил…Само 20 вакви масички се направени.
Човечката масичка за фудбал
Тука луѓето се закачени на шипките, кои можат да се лизгат од едната до другата страна. Вистинско фудбал доживување.