Американската кантри пејачка Тејлор Свифт во неделата освои најмногу музички награди на Билборд – осум од вкупно 11, во нејзината категорија, вклучувајќи ги и наградите за најдобар женски изведувач и за најдобар албум. На доделувањето на наградите во Лас Вегас, Тејлор го изведе својот хит „22“ и и се обрати на публиката: „Вие сте мојата најдолга и најубава љубовна врска која некогаш сум ја имала“.
Џастин Бибер кој на доделувањето на наградите ја изведе „Take You“, доби три награди – за најдобар музички изведувач, социјално – одговорен уметник и миленик на публиката.
Во другите категории групата Марун 5, која имаше 11 номинации, освои само една награда. Ријана и Готи добија секој по четири награди во својата категорија.
Ники Минај ја освои својата прва награда за најдобар рап уметник.
Принс се стекна со награда за животно дело, додека Мадона доби награда за најдобар уметник на турнеја и најдобар уметник – танчер.
Доделувањето на наградите се одржи во Гранд Арената во Лас Вегас, а церемонијата ја пренесуваше американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си.