Дизајнерот Харк Ли направи лименка за Coca-Cola, која за првпат нема да е обоена во традиционалната црвено-бела комбинација, туку ќе ја има природната боја на алуминиумот, а која е наречена „гола лименка“. Со ова, ќе се заштеди на боја, како и огромни количества енергија што се трошат во производството – на тој начин правејќи ја новата лименка далеку попријателска за околината.

За првпат во историјата, доколку компанијата се реши да го прифати дизајнот на Харк Ли, еден од најпопуларните пијалаци ќе се продава во лименки кои нема да бидат обоени традиционално црвено-бело. Ова е значајно затоа што на тој начин, околу 75 милијарди лименки годишно веќе нема да имаат потреба од бојадисување (што потоа ќе го намали загадувањето од бојата, а ќе заштеди и огромни количини енергија што се троши во текот на производството). Наместо тоа, ќе биде користена преса со која ќе се печати логото и сите дополнителни информации во монохроматскиот алуминиум.
Можеби се работи за мал чекор напред, но доволно значаен за да ни покаже дека и големите компании се грижат за околината.