Ламба што зјапа во вас

Повеќе... Добивме електронска пошта од Апосотол Тноковски, дизајнерот од Македонија кој имаше интересен концепт за округол компјутер E-ball, кој ви го претставивме минатата година на нашиот сајт. Овој пат Апостол не изненади со неговиот најнов дизајн, за кој вели дека „ќе ви го фати окото“ во буквална смисла.

Добивме електронска пошта од Апосотол Тноковски, дизајнерот одМакедонија кој имаше интересен концепт за округол компјутер E-ball, којви го претставивме минатата година на нашиот сајт. Овој пат Апостол неизненади со неговиот најнов дизајн, за кој вели дека „ќе ви го фатиокото“ во буквална смисла.

eye_lamp_by_poce.jpg

Се работи за футуристичко парче функционална ѕидна уметност, како што го опишуваат во популарниот сајт за гаџети, Dvice, всушност за ламба во вид на око направена од полиран метал, која свети кога капаците се отворени. Силината на светлото се регулира преку „очните“ капаци, такашто светлото може да се намали, што го прави изгледот на окото уште позаканувачки:) или да се позасили со отворање на капаците. Eye Lamp е се уште само концепт, па така, сè уште не ја барајте во продавниците. Можеби еден ден, да се надеваме, во блиска иднина…

- Реклама -