Samsung Galaxy S4 mini доаѓа на 30 мај?!

Samsung можеби успеа да го чува во тајност Galaxy S4 до самото претставување, но очигледно не и за малата верзија на Galaxy S4 заклучувајќи според сликите кои се пуштени во јавноста.

Гласините за овој телефон стануваат се побројни почнувајќи од април па се до денес.

samsunggalaxymini

На најновите слики јасно може да се види следниот претставник на јужнокорејската компанија – Galaxy S4 mini кој има многу сличен дизајн како својот постар брат, Galaxy S4. Со други зборови помалиот модел има одличен дисплеј, добра камера, способност за следење на содржините со движење на очите, како и можност да се контролира телевизорот од далеку.

Samsung-Galaxy-S4-Mini-640x456

Судејќи според екранот, Galaxy S4 mini најверојатно ќе работи на истата верзија на Android 4.2.2 и TouchWiz UX 5.0 како и смартфонот Galaxy S4. S4 mini ќе има вграден чип Exynos 5210 со двоен процесор со брзина од 1.6GHz и RAM меморија од 1GB. Од останатите спецификации, вклучени се и дисплеј од 4.3 инчи qHD Super AMOLED, 8МР главна камера со видео со двојно снимање, и најмалку 8GB внатрешна меморија која ќе може да прошири преку слотот за microSD картичка. Официјалното претставување се очекува да се случи при крајот на овој месец, односно според гласините на 30 Мај.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -