Уште од 2007-та година, фотографката од Лос Анџелес, Сири Каур возеше повеќе од 773 километри до „Kitt Peak“ националната опсерваторија четири или пет пати годишно за да го фотографира небото со нејзината филмска камера. 7000 метри над земјата, опсерваторијата поседува телескопи со големина на куќи кои на Каур и овозможуваат да направи навистина неверојатни снимки. Некогаш таа се враќа без ниту една успешна фотографија, но сето тоа се исплати кога ќе ги погледне успешните обиди како подолу прикажаните. Квалитетот на истите се едначи со оние на „NASA“ од телескопот Хабл, на кои се гледаат далечните галаксии.