Кој хороскопски знак најлошо вози?

Доколку познавате некоја Вага, замолете ја да излезе од колата за никој да не биде повреден.

Секако, ова би требало да биде само шега на канадскиот интернет сајт кој се занимава со потрага за најдобро осигурување. Сепак, после спроведеното истражување за тоа кој зодијачки знак вози најлошо, и тие самите се вчудоневидиле од резултатите. Од дури 100.000 возачи во предходните шест години, Вагите се издвоиле како најлоши од сите.

„Не очекував ништо, но кога видов како некои знакови се издвојуваат во бројот на напишаните казни, а други според бројот на сообраќајни несреќи, или комбинација од двете, бев шокирана“, објаснила Ли Романов, претседателка на веб-страната InsuranceHotline.com.

zodiac-wheel

Погледнете што велат истражувањата, кои се најлоши возачи?

Ваги, кои се родени во периодот меѓу 23 септември и 22 октомври, би требало да отсликуваат хармонија и рамнотежа. Сепак, тоа не важи кога ќе седнат зад воланот и даваат гас на автопат. Како што се наведува во резултатите од истражувањата, Вагите имале најголем број на несреќи од зодијачките знакови, а веднаш зад нив се нашле Водолиите и Овните.

„Кога возите мотор морате да бидете подготвени на брзо донесување на одлуките, а тоа е нешто во што Вагите не се добри“.

Најдобри возачи:

Генерално тоа се Лавовите, што зачудува имајќи предвид дека егото и желбата за покажување преовладуваат кај нив, а ги следат и Близнаците и Раковите.

Кој добива најмногу казни?

Тоа се рибите, а зад нив не заостануваат ниту Овните и Водолиите. Близнаците, Стрелците и Девиците имаат најмалку напишани казни.

Секако, ова истражување е само занимливост и без разлика кој хороскопски знак сте, треба да обратите целосно внимание на вашите постапки и секогаш да бидете одговорен возач.

- Реклама -