Welcome to S1NGLETOWN. Enjoy your stay.

being-at-s1ngletown-057.jpg Вака ќе бидете пречекани, доколку решите да го посетите “градот на
самците”  во Венециското Арсенале, во рамките на Биеналето на
архитектура. Тој самиот по себе претставува мала целина, чии жители се
луѓето кои во одреден период од животот, живеат сами. Овој истражувачки
и дизајнерски проект е дело е на познатата холандска дизајнерска фирма
Droog Design, во соработка со агенцијата за комуникации KesselsKramer.


Вака ќе бидете пречекани, доколку решите да го посетите “градот на
самците”  во Венециското Арсенале, во рамките на Биеналето на
архитектура. Тој самиот по себе претставува мала целина, чии жители се
луѓето кои во одреден период од животот, живеат сами. Овој истражувачки
и дизајнерски проект е дело е на познатата холандска дизајнерска фирма
Droog Design, во соработка со агенцијата за комуникации KesselsKramer.

welcome-to-s1ngletown.jpg

Ова нивно заедничко истражување како цел ги има импликациите од т.н. “ демографска временска бомба”  и предвидувањата дека до 2026 година, речиси третина од светската популација ќе живее во домаќинства со само еден член.

being-at-s1ngletown-05.jpg

Досегашните истражувања покажуваат дека , како резултат на промените во општеството, се повеќе луѓе се одлучуваат да живеат одвоено од традиционалното семејство, т.е. да живеат како самци:млади професионалци ,кои решаваат да останат што подолго немажени/неженети; студенти кои живеат онаму каде студиите ќе ги однесат; разведени; вработени кои често патуваат; стари лица кои останале без своите партнери ….сите тие се жители на овој град. Сите податоци и истражувања говорат дека нивниот број значително се зголемува и дека тоа секако ќе влијае врз начинот на живеење и работење, а значително ќе го промени и  начинот на кој треба да ги дизајнираме зградите , производите и услугите. Често пати во возилата за четворица, патува само еден; во креветот за двајца, спие само еден…..Затоа ,оваа студија, се обидува да изнајде одоговори на неколку прашања:

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

o    Кои се новите самци?
o    Каков е нивниот начин на живот?
o    Какви производи и услуги им се потребни?
o    Какви импликации има сето ова врз начинот на кој ги дизајнираме објектите, и градовите на иднината?

Резултатот на сето ова е град составен од специјално дизајнирани парчиња мебел, облека, услуги и технологии кои можат да допринесат кон просторите на иднината населени со самци. Гардеробер за фрлена  облека, завеса со “сигруносни сенки” , јакна за самци, маса со вградено перниче,подвижен балкон, перниче за спиење во форма на човечка рака…..се само дел од производите, кои најмногу одговараат на животниот стил на самците.

Повеќе на  http://www.singletown.org

- Реклама -