Оваа весела галерија подолу е дело на талентираниот фотограф од Германија, Јан Фон Холебен. Поголемиот дел од младоста тој живеел во алтернативна комуна која идентификувала силна врска во развојот на неговата фотографска работа и влијанието од неговите родители, кинематограф и терапевт за деца. На неговата 13-годишна возраст Јан се одлучува да тргне по стапките на неговиот татко, експериментирајќи со најразлични трикови и развивајќи ја својата имагинација и вештина. Холебен денес живее и работи во Лондон, а препознатлив е по неговите живописни и игриви фотографии кои асоцираат на детство и на тоа како човекот учи преку игра.