Националниот парк Скафтафел е прекрасна област лоцирана во Исланд. Природните чуда – ледените пештери, се наоѓаат токму тука, и претставуваат атракција која привлекува бројни посетители и фотографи од целиот свет.
Пештерите се дел од глечерите, и иако обично ваквите простори се темни и монотони, пештерите во Скафтафел се светли, живописни и пленат со нивната убавина замрзната во времето.