Солени топчиња

Вкусно, брзо и погодно за викенд кога повеќе време сакате да поминувате во кревет или на прошетка отколку во кујна.

Состојки:

300гр сирење
50гр мелени ореви
50гр мелени ореви или печен сусам
1 чаша павлака
50гр шунка

Подготовка:

Смелете ги оревите, исецкајте ја шунката и ставете ги во еден сад. Додајте ги павлаката и ситно издробеното сирење. Измешајте состојките да се соединат. Направете топчиња од смесата и секое извалкајте го во мелените ореви или сусамот.
Добар апетит!

Прочитајте и:  Благотворноста на свежото сирење
- Реклама -