Како да ја сочувате бижутеријата?

За да не би ви позеленувал накитот од бижутерија предвремено, прочитајте ги нашите совети и сочувајте го да блеска во полн сјај…

Внимавајте да не го навлажните

Бижутеријата никако не смее да се натопи во вода. Секој пат кога се туширате, одите на базен или слично, тргнете го накитот од вас.

Накитот ставете го на крај

Откако целосно ќе се подготвите, додајте го накитот. Парфемите и лосионите за тело можат да ја оштетат бижутеријата, па не ставајте ништо на себе додека имате накит на рацете.

Немојте да ставате лосион за тело

Доколку планирате да носите бижутерија, тогаш избегнувајте го оној дел од кожата каде ќе ви стои накитот. Млекото може да остави дамки на накитот и така да ја оштети сјајната површина.

chanel-paris-moscou-accessories-accessories-2009-_80

Чувајте го на правилно место

Дали знаевте дека и воздухот и штети на бижутеријата? За да би го задржале сјајот на вашиот накит, чувајте го во соодветна кутија. Исто така, немојте да го мешате со други метали.

Исчистете го понекогаш

Сосема е во ред понекогаш да го исчистите накитот. Можете да користите шампон за бебиња и топла вода, и нежно да го истриете со четкичка за заби.

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Отстранете го додека чистите

Производите за чистење во потполност можат да го уништат вашиот накит, затоа пред да ја исчистите прашината задолжително тргнете ја сета бижутерија што ја имате на себе. Кај некои луѓе може да се случи реакција кожата лошо да реагира кога ќе се соединат бижутеријата и средството за чистење.

Не вежбајте со накит

Пред да се упатите кон теретаната, отстранете го сиот накит од себе. најпрвин затоа што така ќе ви е покомотно за вежбање, потоа бидејќи потта влијае на бижутеријата, и трето затоа што прстенот може да ви испадне од рацете а вие да не ни забележите.

- Реклама -