Топ 10 најексцентрични луѓе за кои не сте знаеле

a6_jesus

Матајоши Митсуо,
јапонскиот Исус

Матајоши Мицуо е
ексцентричен јапонски политичар со лично убедување дека тој е Господ и Христос.

Според неговата политичка
програма, тој ќе го изврши „последниот суд“ како Христос, но начинот на кој
треба ова да го стори мора да биде според законите на политичкиот систем и
неговата легитимност.

a6_jesusМатајоши Митсуо,
јапонскиот Исус

Матајоши Мицуо е
ексцентричен јапонски политичар со лично убедување дека тој е Господ и Христос. Според неговата политичка
програма, тој ќе го изврши „последниот суд“ како Христос, но начинот на кој
треба ова да го стори мора да биде според законите на политичкиот систем и
неговата легитимност. Неговиот прв чекот како „Спасител“ е да биде назначен за
премиер на Јапан. Така тој би го реформирал Јапонското општество како потоа ООН
би му понудиле да биде нивни генерален секретар. Тогаш Матајоши би владеел со
целиот свет поседувајќи два легитимни авторитета – религиозен и политички. Се има
претставено во многу изборни кампањи но засега нема ниту еден успех. Познат е
по неговите ексцентрични кампањи каде бара од своите политички ривали да
извршат самоубиство со хари-кири.


 

 


 a6_terminal

Сер Алфред
Мехран, човекот што живее на аеродром од 1988
 

Мехран Карими
Насери, истотака познат како Сер Алфред Мехран е ирански бегалец кој живее во
оделот за чекање на терминалот 1 на Шарл де Гол аеродромот од 8 август, 1988. Откако бил
затворан, мачен и избркан од својата земја, тој побарал азил од повеќето
европски земји, но немал среќа. Кога решил да оди
во Англија, тврдел дека е ограбен и дека неговата торба му била украдена додека
го чекал својот лет за Хитроу на платформата на Шарл де Гол аеродромот. Насери
успеал да се качи на авионот, но кога стигнал на Хитроу без потребните
документи, службените лица го вратиле во Франција. Насери не бил во
можност и тука да го докаже својот статус на бегалец, па бил преместен во
зоната за чекање. Тој наводно е
инспирацијата за филмот на Спилберг од 2004 – The Terminal. За разлика улогата
на Том Хенкс во филмот, Насери не живее во транзитната зона, туку околу
бутиците и рестораните на најнискиот кат. Теоретски, би
можел да го напушти терминалот во секој момент. Со неговата
кошница и торби тој личи како и секој нормален патник, па луѓето затоа не го
приметуваат или го игнорираат мислејќи го за бездомник.


 

a6_norton Нортон Први,
Императорот на САД и заштитникот на Мексико

Џошуа Абрахам
Нортон, познат и како Неговото Имераторско Величество. Император Нортон Први е
граѓанин на Сан Франциско кој себеси се прогласил за император на овие области
во 1859 година. Иако немал политичка моќ и неговото „влијание“ било исмејувано
од тие околу него, тој бил поинаку третиран во Сан Франциско. Во локалите кои
најредовно ги посетувал во негова чест во оптек биле пуштени пари со неговото
име. Иако генерално
бил сметан за лудак, или во најмала мерка ексцентрик, граѓаните на Сан
Франциско го славеле неговото присуство, неговиот хумор и дела. Кралот во делото
на Марк Твеин – Авантурите на Хаклбери Фин е наводно основан според него.


 
a6_icke
Дејвид Ајк,
нашиот спас од Рептилните Хуманоиди

Дејвид Ајк е
поранешен професионален рагбист, презентер на вести на BBC и национален
портпарол на Британската Зелена Партија. Од 1990 тој се
нарекува „истражувач околу тоа кој и што го контролира светот“. Се облекува само
во тиркизно и верува дека светот бил владеен од тајна група наречена „Елитата“;
раса рептилни хуманоиди познати во древните времиња како Бабилонското Братство.
Верува дека многу познати личности потекнуваат од нив, вклучувајќи го Џорџ Буш,
Кралицата Елизабета Втора и Крис Кристоферсон. Тој верува дека предците на
рептилите применувале малтретирање на деца и Сатанизам. Автор е на 15 книги кои
ги објаснуваат неговите погледи.
По пет часовен разговор со студентите на универзитетот во Торонто во 1999 добил стоечки овации.

Прочитајте и:  Црква во Швајцарија инсталираше Исус со вештачка интелигенција


 

a6_lina

Лина Медина,
мајка на возраст од 5 години(најмлада досега)

Лина Медина(родена
1933 во Паранге, Перу) родила на 5 години, 7 месеци и 21 ден и се смета за
најмладата мајка во медицинската историја. Лина била
донесена во болница од нејзините родители кога имала 5 години бидејки нејзиниот
стомак се зголемувал. Нема доказ за бременоста на Лина Медина и како тоа се
случило. Таа никогаш не го открила името на таткото на нејзиното дете или пак
околностите на нејзината импрегнација.


 

 

 

 

 

a6_soprano

Флоренс Џенкинс,
познатата сопрано пејачка која незнаеше да пее

Флоренс
Џенкинс(1868) беше американски вокал која се прослави поради нејзината тотална
неспособност и антиталент во пеењето. Станала прекумерно популарна на еден
неконвенционален начин: публика наводно ја сакала поради забавата која ја
обезбедувала отколку поради нејзината музичка способност. Џенкинс била
сигурно убедена во нејзината големина, споредувајќи се себеси со познатите
сопрано гласови од типот на Фрида Хемпел и Луиса Тетрасини во тоа време,
отфрлајќи ја сета смеа која често доаѓала од публиката за време на нејзините настапи
како „професионална љубомора“. Џенкинс ги
ограничила нејзините настапи во неколку омилени театри. Настапот на нејзините
рецитали бил секогаш лимитиран само за најзаинтересираните – таа ја вршела
дистрибуцијата на картите лично. На 76 годишна
возраст, Џенкинс конечно на барање на публиката на 25 октомври 1944 запеа во
Карнеги Хол. Картите за ова шоу биле продадени недели претходно. Умрела еден месец подоцна.


 

a6_pope

Папата Мајкл
Први, избраниот Папа од Канзас од 1990

Дејвид Ален
Бовен(роден 1959) е американски граѓанин кој бил избран како „Папа Мајкл Први“
од група од шест конклависти, односно пост-садеванкатски католици. Тие се расправале
околу тоа дека ако советот на кардиналите не може да избере достоен папа, тогаш
обичните католици треба да го сторат тоа, според принципот „епикеиа“ – односно
еднаквост. Раководејќи се според оваа основа, Дејвид Бовен бил избран за папа од
шест луѓе во 1990 година(вклучувајќи го него и неговите родители). Денес тој е
активен папа во Канзас и на своето работно место.


 

a6_elvis

Гилберт Нилс,
реинкарнацијата на Елвис Присли

Гилберт Нилс е
човек кој моментално живее во областа Јукон и кој верува дека е реинкарнацијата
на Елвис Присли, што резултирало од ударот од зрак од неидентификуван летечки
објект(НЛО). Тој најчесто се облекува во стилот на Елвис и се претставува како
писател на песни и пејач. Има настапувано
во Лас Вегас со Чаби Чакер. Во 2005 се кандидираше за водството на Либералната
партија во Јукон, завршувајќи на крајното четврто место со само 4 гласа.


 

a6_fart Петоман, најпознаниот
светски професионален прдач

Петоман беше
сценското име на францускиот професионален прдач и забавувач Жозеф
Пујол(1857-1845). Тој бил познат
поради неговата извонредна контрола на абдоминалните мускули, што му
овозможувало да испушта воздух кога сака. Неговото име
доаѓа од францускиот глагол péter – „прди“. Некои од неговите
најпознати настапи вклучувале свирење на флејта преку гумена туба во неговиот
анус и имитирање звуци на топови и грмотевици преку прдење.

 

 

 

 

 

a6_pie

Ноел Годин,
фрлачот на кремасти пити

Ноел Годин(1945)
е белгиски писател, критичар, актер и широко познат фрлач на кремасти пити и
потсмејувач. Годин го стекна светското внимание во 1998 кога неговата група го
сочека сопственикот на Микрософт, Бил Гејтс во Брисел, послужувајќи го со пити
во лицето. Неговата
долгогодишна цел била да ги забавува луѓето, а на оние како Бил Гејтс за кои
сметал дека се особено важни и немаат смисла за хумор – да им ја „испорача“. Во
операцијата Бил Гејтс учествувале 32 луѓе. Неговите
следбеници се грижат случката да изгледа што посмешно, се смеат на глас, читаат
анти-претенциозна поезија и повторуваат „глуп, глуп, глуп“.

- Реклама -