Неколку вистини за балканските мажи!

Мажите од Балканот се секогаш во право, сакаат да ве тестираат на секој чекор и секако “умираат” и од најобична настинка.

Додека повеќето луѓе добро реагираат на флертување, балканските мажи сакаат поголем предизвик. Ако во почетокот покажете дека сте заинтересирани, тогаш неговата покана да излезете во град (кога веќе знае дека ви се допаѓа) ќе значи дека тој се покорил на вашите желби, а тоа е за него неприфатливо.

Задоволете го неговиот натпреварувачки карактер така што ќе му дозволите да мисли дека тој освоил. Колку сте погруби, тој ќе биде по заинтересиран.

Тој ќе сака да добие потврда дека ви се допаѓа, и штом ја добие, ќе се претвора дека вие нему не му се допаѓате.

Затоа правете се незаинтересирани, тестирајте го неговото трпение. Тој не го очекува ова бидејќи мисли дека веќе ве “уловил”.

Доколку сте во врска со балкански маж, ќе доживеете крај на светот неколку пати во годината ( воглавно во текот на сезоната на грип). Тоа е бидејќи кога балканскиот маж ке се настине, тој мисли дека умира.

Направете рамнотежа.Рамнотежа? Во што? Па, балканскиот маж очекува од жената да биде традиционална, но и модерна мајка на осум деца со перфектно затегнато тело.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Нешто помеѓу девојка која е како неговата мајка и девојка која неговата мајка никогаш не би ја одобрила, помеѓу девојка во невоља и фатална девојка, девојка која прави супер бурек но истовремено е и порно звезда, образована , но не доволно образована да го покори неговото мислење.

Сложувајте се со неговата мајка.Но не премногу, бидејќи тогаш ќе мисли дека сте заедно против него. Без оглед на тоа, тој е балкански маж и ја сака својата мајка, така да бидете фини со неа.

Доколку е и таа фина со вас тоа е плус. На крајот на краиштата, вие сте го украле нејзиното бебе и не знаете да пеглате. Таа има право да ве мрази.

Додека повеќето од мажите се чувствуваат криво кога знаат дека сте лути на нив, балканските мажи се сосем поинакви. Без оглед на причината, тоа што вие сте лути на нив ќе се претвори во тоа тие дека тие се лути на вас поради тоа што сте вие лути на нив.

- Реклама -