Hard Days Night: Beatles хотел

intro_beatlesХотелот Hard Days Night се отвори во февруари 2008 во Liverpool, има 4 ѕвезди и 110 соби со безброј занимации за сите Beatles фанови. Секоја од собите е тематски определена од значаен настан, песна или место поврзано со легендарната четворка. Овој хотел нуди одлични услови за престој, а ви дава и суптилен увид во парче од животите на четворицата музичари.

Хотелот Hard Days Night се отвори во февруари 2008 во Liverpool, има 4 ѕвезди и 110 соби со безброј занимации за сите Beatles фанови. Секоја од собите е тематски определена од значаен настан, песна или место поврзано со легендарната четворка. Овој хотел нуди одлични услови за престој, а ви дава и суптилен увид во парче од животите на четворицата музичари.

hotel

Интересно е и тоа што помалиот брат на Paul, фотографот Mike McCartney направи ексклузивна серија фотографии кои ги документираа клучните етапи во изградбата на хотелот.

nadvor

Покрај многуте Beatles елементи, се издвојуваат и оригиналните дела на уметникот Shannon кои може да се видат низ рестораните, барот и во секоја од собите и ја претставуваат таканаречената Shannon Collection.

slika

art2

art

art3

Во лобито на хотелот ве пречекува и уникатна статуа на John Lennon
Прочитајте и:  Уметничко дело направено од вештачка интелегенција продадено за над 1 милион долари
john-lennon-statue

Хотелот не е неподнослив за оние кои не се опседнати со бендот. Иако се многу на број, сепак нештата кои се тесно врзани со Beatles се умешно претопени во целиот амбиент.

Барот
barot
Ресторанот
brasserie

Ѕидовите на другиот ресторан, кој има посебен влез за оние кои не престојуваат во хотелот, се украсени со дела инспирирани од обвивката на албумот Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band.

restoran

restoran1

Секоја соба е различно, а луксузно уредена, а главната приказна секако ја раскажува парче од Shannon Collection.
luksuzna_soba

deluxe_soba

Може да одберете и да престојувате во еден од двата луксузни апартмани наречени Lennon и McCartney, кои имаат пространи соби, голема тераса и најдобар поглед, а секако сето тоа е збогатено со многубројни нешта поврзани со двајцата музичари.

apartman

apartman2
Пријатен престој!
- Реклама -