Nubrella: Handsfree чадор за вашата глава

nubrella-topДождливите денови знаат да бидат депресивни. Ако згора на тоа, при вакви временски услови треба да излезете некаде и да носите чадор со себе, многу е веројатно дека ќе бидете нерасположени цел ден. Доколку мислите дека нема да ви го фаќа сеирот секоја личност која ќе ве пресретне на улица, почнете да размислувате за Нубрела – чадорот што се носи без раце.


numbrela_leftДождливите денови знаат да бидат депресивни. Ако згора на тоа, при
вакви временски услови треба да излезете некаде и да носите чадор со
себе, многу е веројатно дека ќе бидете нерасположени цел ден. Доколку
мислите дека нема да ви го фаќа сеирот секоја личност која ќе ве
пресретне на улица, почнете да размислувате за Нубрела – чадорот што се
носи без раце.

Прочитајте и:  Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

Со својот аеродинамичен овален дизајн и цврстата обвивка, овој чадор му се спротивставува на ветрот, па е невозможно да се преврти наопаку. Се прицврстува на телото со помош на ремени, после што оној што го носи може да шета со две слободни раце. Исто така, покрај од дожд, чадорот штити и од студ, снег, ветар и лапавица.

Производителот верува дека чадорот го карактеризира модерен дизајн, удобност и практичност и за тоа наплаќа 60 долари по парче. [nubrella.com]


numbrela_center

- Реклама -